Прво место за оркестарот при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка на државниот натпревар

Младите музички таленти од Крива Паланка,  на чело со професорката Лариса Жулина-Митовски, повторно го направија градот горд на нивните музички достигнувања.

На државниот натпревар за училишни хорови и оркестри, кој се одржа во организација на Здружението на музички педагози од Македонија (ЗМП) на 11.мај во Скопје, оркестарот при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски го освои првото место.
Учениците од училишниот оркестар секоја година освојуваат први места и високи признанија во областа на оркестарот и инструменталната музика. Нивната посветена работа и љубовта кон музиката не остануваат непрепознаени и секогаш, без исклучок, се наградени!
Честитки за сите учесници на оркестарот при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка и за нивната менторка Лариса Жулина-Митовски и нека продолжат да ја шират љубовта низ звуците на музиката!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e