Денес во општинската сала во општина Крива Палнка пред голем број присутни од општинската администрација, институции и здруженија на граѓани, како и пред ученици од средното училиште беше детално претставен и официјално започнат проектот со назив” Подобра инфраструктура, подобро здравје за сите” како дел од програмата “Помош за развој” и донација од Владата на Република Бугарија.
Во таа насока и градоначалникот Мицевски денеска им се обрати на присутните видно воодушевен за отпочнувањето и реализацијата на овој проект.
-Овој проект е од големо значење за младата популација, нашите спортисти и спортски клубови кои ги сакаат спортските активности.Во таа насока сум задоволен што наскоро ќе им овозможиме места каде ќе можат да се забавуваат преку спортот, со тоа водејќи и подобар начин на живеење.Имено,со овој проект на младите ќе им изградиме атлетска патека,мини голф терен и скејт парк кој во последно време масовно го користат најмладите-рече градоначалникот на општина Крива Паланка,Борјанчо Мицевски.
Меѓу другото во изминатата година е инвестирано во неколку спортски објекти во соработка со ТАКТ чија што соработка ќе тече и во претстојната година.
Во соработка со Би Милк, пак , е инвестирано во фитнес зона. Наредната година ќе се имплеметира и проект за изградба на мини голф терен. Сето ова, верувам ќе го подобри капацитетот на спортските клубови и ќе вроди плод, но и ќе придонесе за здрав начин на живот-изјави Мицевски.
Општина Крива Паланка води грижа за младите спортисти и ги подржува сите спортски активности доказ за тоа е и доделувањето на стипендии за најуспешните во спортот и награди за најдобрите спортисти кои го претставуваат не само нашиот град, туку и нашата држава во земјите однадвор.
Општа цел на проетот “Подобра спортска инфраструктура, подобро здравје за сите” е подобрување на квалитетот на живот, а специфична цел подобрувањето на спортската инфраструктура. Целна група се младите спортисти љубители на спортските активности.
-Период за имплементација на проектот е 12 месеци.Всушност истиот е започнат на 30.04.2019, а целосно треба да биде завршен на 30.04.2020 година.
Вкупната вредност на проектот изнесува 73.204 евра и тоа за градежни работи како атлетска патека изработена од гумирана (тартан) подлога со олимписки стандард, мини голф терен кој ќе се гради на површина од 320 метри квадратни и ќе содржи осум мини голф патеки и скејт парк кој ќе се гради на површина од 470 метри квадратни..- изјави Сашко Додевски-координатор на проектот. Атлетската патека ќе биде дел од градскиот стадион, мини голф теренот во близина на истиот, а скејт паркот во близина на стадионот до веќе постоечкото тениско игралиште.