Овој викенд, екипите на Град Скопје интензивно работат на реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во Бутел.
Неодамна започна асфалтирањето на една лента од улицата, а во текот на полицискиот час се работи и на втората лента од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосницата со улица Бутелска во должина од 850 метри.
На улицата досега беше изведена комплетно нова атмосферска канализација и другите подземни инсталации.
Оваа улица во Бутел е една од најважните сообрајници за граѓаните од таа општина, кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат по овој дел од улицата Александар Урдаревски.