Претстојниот петок „Генералка Викенд“ во Крива Паланка

Претстојниот петок „Генералка Викенд“ во Крива Паланка. 

Овoj петок, 9 мај, ве повикуваме заедно да ја исчистиме нашата општина во рамки на големата еколошка акција „Генералка Викенд“!
Оваа масовна еко-акција, по иницијатива на Men and Mountains, веќе петта година е препознатлива традиција во Крива Паланка – со огромна поддршка од граѓани, институции, училишта, бизниси, спортски клубови, здруженија и поединци, информира градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.
– Да покажеме колку ни значи чистата животна средина и да го оправдаме признанието за најеколошка општина во државата.
– Да дадеме личен пример и да ја потврдиме нашата еколошка и граѓанска свест.
– Да потсетиме дека отпадот не припаѓа во природата, туку во соодветни контејнери.
– Се гледаме во ист ден, исто време и со иста цел – поубава, почиста и поздрава Крива Паланка!
– За повеќе информации за организација на акцијата на тел: 075 236 557
Затоа, ајде заедно да одвоиме неколку часа – за нас, за нашата околина, и за идните генерации, информираа од локаланата самоуправа. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e