Сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка е во прекин од 13:00 часот, во близина на ресторан „Фемили“, поради сообраќајна незгода.
Надлежните служби се на терен и се работи на расчистување и нормализирање на сообраќајот.
Возачите се повикуваат на зголемено внимание и користење на алтернативни правци.