Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.
Имено, вчера во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на улицата „Џон Кенеди“, улицата „Максут Садик“ и улицата „Македонска бригада“ патничко возило „голф“ со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак.
Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на настанот при што е констатирано дека лицето кое управувало со возилото го оставило возилото и се оддалечило од местото на настанот. По преземени оперативно тактички мерки лицето е пронајдено во непосредна близина и истото лишено од слобода.
Повреденото дете поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош каде му се констатирани тешки телесни повреди и истото е задржано на интензивна нега.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
