Прегазена млада жена на патот Кичево – Македонски Брод

Вчера во 21.20 часот на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, кај влез за селото Лисичани, општина Пласница, патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(23) од селото Челопеци, кичевско, удрило во пешак – 30-годишната А.В. од Лисичани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.В., констатирани во Медицински центар Кичево.

Увид изврши, увидна екипа од ОВР Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e