Празнична хармонија: Учениците од „Св. Јоаким Крчовски“ ја донесоа музичката магија во детската „Детелинка“-Крива Паланка

Учениците од „Св. Јоаким Крчовски“ ги израдуваа најмалите во градинката „Детелинка“.

4

На 16 и 17 декември, учениците од ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка приредија незаборавни новогодишни концерти за најмалите во детската градинка „Детелинка“ и нејзините клонови.

1

Со мајсторска изведба на класична, современа и народна музика, младите музичари ја приближија уметноста до детската публика, внесувајќи радост и празничен дух. Децата од градинката возвратија со искрени насмевки и громогласни аплаузи, создавајќи топла и весела атмосфера.

2

Покрај музичките настапи, учениците рецитираа новогодишна поезија и читаа празнични честитки, збогатувајќи ја програмата и внесувајќи дополнителна магија во настанот.

3

Посебна благодарност им се упатува на сите ученици учесници и нивните посветени професори: Лариса Жулина-Митовски, Сања Петровска и Марјан Бошковски, кои со својот труд и ентузијазам придонесоа за успешна реализација на овој новогодишен проект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e