Познат лауреатот на 17-иот Меѓународен театарски фестивал Св. Јоаким Осоговски 2025

Познатиот македонски актер, шејач и шоумен Игор Џамбазов е лауреат на 17-иот Меѓународен театарски фестивал Св Јоаким Осоговски 2025 – Крива Паланка.
Роден е на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко.
По дипломирањето на Академијата за драмски уметности во класата на проф. Вукан Диневски, се вработува во Драмски театар – Скопје, а подоцна преминува во МНТ. Одреден период тој ја имал можностa да глуми во МНТ додека во него сѐ уште глумеле неговата мајка Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко. Во 1996 година играл во филмот „Добредојдовте во Сараево“ (“Welcome to Saraevo”) во режија на Мајкл Винтерботом. Се снимал во Сараево за време на војната, па во Сплит и две недели во Лондон. Ликот што го толкувал бил меѓу првите десет важни лика. Во филмот се појавиле Вуди Харелсон, Мариса Томеи, Горан Вишниќ, Стивен Дилен и други. Премиерата била на Канскиот фестивал.

Во 2014 година се преселил во селото Слепче, Демирхисарско, а од крајот на 2018 година, живее во селото Сретеново, во општина Дојран.

После одредено време тој прекинува да глуми во Македонскиот народен театар, но во 2016 се враќа на сцената со претставата „Брачна игра“ во режија на Тони Михајловски и според текст на Едвард Олби. Во неа, Весна Петрушевска и Игор Џамбазов, ги играат главните ликови, брачниот пар Џилијан и Џек.[5] Во 2017 година пак го игра главниот лик Мишел Радински во „Говорна мана“ во режија на Драгана Милошевски-Попова, според текст на познатиот српски театарски и филмски режисер Горан Марковиќ.
Во 2016 на 19 издание на „Златна бубамара на популарноста“ Игор ја доби наградата „Златна бубамара за трајни вредности“ и изврши изведба на популарната песна ‘My Wаy’ на Франк Синатра, но со различен текст кој го опишува својот живот.[9]

Во 2023 година со Игор Атанасовски (Гуру Харе) го промовираа нивниот албум наречен “Првите 30”. Албумот е снимен во Студио Тралала во Скопје, продуцент на албумот е Мите Димовски. Албумот се состои од нивни авторски песни и препеани македонски народни песни.
Познат е и по филмките улоги, а има издадено и неколки книги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e