Познат идентитетот на загинатиот велосипедист, бил поранешен директор на Охис

Загинатиот велосипедист во вчерашната сообраќајна несреќа во Скопје е Јорго Ќуќа, поранешен директор на некогашниот индустриски гигант „Охис“.

Несреќата се случила попладнето на булеварот „Илинден“, кога автомобил удрил во велосипед со кој управувал Ќуќа. Според првичните информации, тој се здобил со тешки повреди и подоцна им подлегнал.

Возачот кој го прегазил велосипедистот првично го напуштил местото на несреќата, но бил пронајден и приведен од страна на полицијата.

Јорго Ќуќа беше познат стопанственик и долгогодишен директор на фабриката „Охис“, оставувајќи значаен белег во македонската индустрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e