Во координација со Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев денес делуваме на два фронта:
Упатуваме едно теренско возило кон населеното место Николиќ, општина Дојран, за поддршка во справување со пожарите.
Истовремено, едно теренско возило со наши пожарникари-спасители ќе тргне на пат кон Крива Паланка, каде гори силна огнена стихија, во координација со колегата Сашко Митовски.
Кога гори Македонија, не постојат општини, разлики, институции или обвинувања,туку луѓе кои си помагаат!
Струмица знае што значи солидарност, храброст и човечност.
ФБ статус на Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица