Запалена цигара оставена на душек, била причина за пожар во Кавадарци, за ваков несекојдневен пожар во кој за среќа, нема повредени, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 19:23 часот во ОВР – Кавадарци, било пријавено дека настанал пожар во домот на Е.А., на возраст од 26 години од Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица – Кавадарци, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци, при што било констатирано дека пожарот настанал од оставена запалена цигара на душек од страна на неговата сопруга, соопштија од СВР – Велес.