Повреден возач, со возило излетал од автопатот Скопје – Велес и удрил во сообраќаен знак

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Велес, после клучка Хиподром, 67-годишниот Б.Г. управувајќи патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Г., констатирани во приватна болница во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e