Поголема количина на златен накит пронајдена кај патничка на Деве Баир

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани опрема и средства за тетовирање, цигари, тутун, моторцикл, делови за прозорци и фалсификувана стока.
При контрола на автобус на граничниот премин Деве Баир на влез во државата кај патничка од Косово пронајдена е поголема количина на златен накит. Во патна торба, во кутија завиткана во пластична ќеса царинските службеници открија златни монети, ланчиња, брош, огрлица, обетки и др. Стоката е привремено задржана, а против лицето е поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e