Поддршка од Владата за нови проекти во Крива Паланка

Вицепремиерот Љупчо Николовски денеска информираше за нови одобрени средства од Владата за проекти во кривопаланечкиот регион.
“Особено ме прави среќен кога го гледам развојот на родниот крај!
На вчерашната владина седница ја усвоивме Информацијата за склучување на договор за изградба на улицата “Вршачка” во населбата Долно Грамаѓе, општина Крива Паланка, што е важна за олеснување на пристапот на граѓаните до своите домови и гравитацијата кон централното градско подрачје, со вкупна инвестиција од околу 10,3 милиони денари, обезбедени преку пренамена на средства од концесијата која „ТАВ Македонија“ ја плаќа кон државата. Планирани се и реконструкции на улици во населбите Чивлк и Мизовски ливади во Крива Паланка.
Следат и други важни проекти за инфраструктурен развој на Крива Паланка, а досега преку Министерството за локална самоуправа се одобрени проекти за реконструкција на Домот на култура во Крива Паланка во вредност од над 4,1 милиони денари, изградба на локален пат кон с. Герман во износ од 7 милиони денари и патен правец во с. Радибуш во износ од над 2,5 милиони денари.
Продолжуваме” – напиша на Фејсбук, Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e