На Детската клиника во Скопје вчера во 06:40 часот вчера било донесено машко бебе старо само еден и пол месец, без знаци на живот. Лекарите веднаш се обиделе да интервенираат, но констатирале смрт, информираа денеска од СВР Скопје.
Случајот бил веднаш пријавен во полиција, а по преземените дејствија и консултација со надлежен јавен обвинител, телото на новороденчето било предадено на обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта.