Мигрант почина во кумановска болница откако бил прободен со остар предмет.
МВР информираат дека утрово во близина на подрачјето на кумановското село Речица, било пронајдено лице кое што било повредено од убоди со остар предмет.
Лицето веднаш било пренесено во Општата болница Куманово, каде што во 07:45 часот починало.
Полициски службеници од СВР Куманово по извршување увид и разговор, било констатирано дека станува збор за физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет.
Се преземаат мерки за расрешување на случајот, соопштуваат од МВР.
