На 18.08.2025 во 13:09 часот случена е сообраќајна незгода на патот АЗ Битола- Ресен кај м.в.Слечиште помеѓу патничко возило „мерцедес“ со странски ознаки управувано од 52 годишен битолчанец со место на живеење во Германија, кој починал на лице место и возило „опел“ со охридски ознаки во кое биле две лица на возраст од 20 години, двајцата од Охрид.
Едно од двете лица од возилото „опел“ починало во Клиничка Болница Битола, информира портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова.