По полноќ упасен кривопаланчанец, возел пијан

На 01.10.2025 во 01:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Г.Ѓ.(51) од село Конопница, кривопаланечко. Постапувајќи по претходна пријава дека во село Тлминци, кривопаланечко, управувал товарно моторно возило под дејство на алкохол, полициските службеници го сопреле возилото и по преземени мерки измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e