Пиштоли и куршуми пронајдени под облека на малолетник од Батинци

Полицијата уапсила 40-годишен маж од селото Батинци откако под облеката на своето малолетно дете сокрил два пиштоли и муниција.
Според информациите од СВР Скопје, случајот бил пријавен од 32-годишен роднина, кој навел дека таткото на осомничениот агресивно се однесувал кон него и му се заканувал со дрвен предмет. Потоа, С.Д. (40) му се заканил дека ќе употреби огнено оружје доколку го пријави случајот.
По интервенцијата на полицијата, при преглед под облеката на малолетниот син на осомничениот биле пронајдени и одземени два пиштоли и куршуми од различен калибар.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e