На 21.11.2025 во 09:34 часот на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Џ.С.(29) од Крива Паланка. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода, во која Џ.С. учествувал со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, било констатирано дека Џ.С. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,06 промили алкохол во крвта.
