Осум години затвор за возачот кој пијан го прегази 33-годишниот Мартин Димитров од Кратово

Јовановски е прогласен за виновен и неправосилно осуден за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, пренесува порталот Кумановоњуз.

Тој на 19 јануари 2024 во 17.25 часот со автомобил удрил во Димитров и му нанел сериозни повреди, од кои починал на 12 март 2024 по 50 дена поминати во болница во Скопје.

На изрекувањето на пресудата не присуствуваше осудениот Јовановски, ниту неговиот адвокат, туку само родителите на Мартин, Орце и Убавка Димитрови и нивниот застапник.

„Не сме задоволни од пресудата. Требаше доживотно да го осудат, за да го доболи како нас и да види како е, да биде поука за другите. Моето дете нема никогаш да се врати, ниту да го видам, а тој ќе одлежи и ќе излезе од затвор. Овие стресови и овој жал не може да ја замени ниту една казна. Многу е болно, златно дете на 33 години ми утепа. Пијаница. Тешко, многу тешко. Немаме мира целото семејство, здравјето целосно ни се наруши. Уште не ми се верува дека го нема. Секој ден го чекам дека ќе се појави од некаде. Никој да не ја доживее нашата трагедија“, вели во солзи мајката Убавка, скршена од болка, покажувајќи ни слика од синот.

Тие ќе бараат обвинителството да поднесе жалба на пресудата, а велат ако казната била повисика тоа ќе им било барем малку утешително.

Мартин е прегазен лани на празникот Богојавление, додека трчал покрај регионалниот пат. Во него удрил Јовановски, кој не му пружил помош веднаш туку заминал во блиската продавница да донесе вода да го освести. Таму на никого не кажал што се случило. Иако попладнето испил 3-4 чашки ракија, тој седнал  да вози, бидејќи порано 15 години бил професионален таксист и се чувствувал сигурно. По несреќата му биле регистрирани 1,4 промили алкохол во крвта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e