Општина Струмица: Обновени се „легнатите полицајци“ на две локации во градот

Пред почетокот на новата учебна година, на две локации во градот се изврши обновување на вештачките издадености на коловозот, популарно наречени „легнати полицајци“. Вакво обновување е извршено на улицата „Моша Пијаде“ пред основното општинско училиште „Сандо Масев“ и пред средното општинско училиште „Јане Сандански“ и на улицата „Маршал Тито“ пред средното општинско училиште „Никола Карев“. Целта на обновувањето е зголемување на безбедноста на учениците од овие училишта.

21078865_1390196234367136_7692394386676082496_n

20993890_1390196227700470_5541028867455376962_n

21032655_1390196231033803_886318315848298004_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e