Општина Крива Паланка реализира уште три нови проекти во делот на патната инфраструктура

Општина Крива Паланка и натаму продолжува да се грижи во делот на патната инфраструктура и навремено да ги реализира зацртаните проекти.

Досега во општината,имено последната година се реализираа толку проекти во делот на патната инфраструктура како никогаш досега.
Во последниот период покрај останатите инфраструктурни проекти, општината, особено големо значење им придава на оние патни инфраструктурни проекти во руралните средини кои веќе со децении се во лоша состојба,оставајќи лоша слика за сите.

Всушност, во периодот што следи ќе реализира три нови проекти во делот на патната инфраструктура,односно изградба на три локални патишта и тоа во с.Голема Црцорија, с.Трново и с.Конопница. Патот во с.Голема Црцорија ќе биде во должина од 3 км, во с.Трново 0,5 км и локален пат во с.Конопница од околу 1,5 км.

Потпишани се договори со изведувачите и според договорите рокот за изградба е една година, но се очекува овие локални патни правци да бидат завршени и пред истекот на рокот.

Сретствата за трите нови проекти се во висина од околу 30,5 милиони денари, а истите се обезбедени од Агенцијата за финасиска подршка во земјоделието и руралниот развој од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој и од Буџетот на општина Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e