Општина Крива Паланка објави јавен повик за бесплатен летен одмор за сите деца од 7 до 14 години, ученици во ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, кои потекнуваат од социјално ранливи семејства.
Општина Крива Паланка ги повикува сите деца кои потекнуваат од:
1.Семејства корисници на гарантирана минимална парична помош (социјална помош);
2.Семејства на самохран родители;
3.Деца без родители и родителска грижа;
4.Деца на разведени родители чии месечни примања на родителот не го надминува нето приходот од 35.000 денари;
5.Деца од семејства со лоша финансиска состојба чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари.
кои ги исполнуваат критериумите наведени во овој јавен повик да достават пријава со цел стекнување на правото за користење на бесплатно летување во просториите на архивата при Општина Крива Паланка.