Општина Крива Паланка: До крајот на месецот да се отстранат сите дрва, возила и градежни материјали од тротоарите

Општина Крива Паланка ги известува граѓаните кои имаат оставено на јавни коловозни и тротоарски површини: огревни дрва, приколки, хаварисани и нерегистрирани возила, песок, камења и др. материјал до крајот на оваа недела, заклучно со 30 ноември 2025 година да ги отстранат истите од тротоарите и коловозните површини за да може непречено да се чистат и одржуваат овие јавни површини, односно несметено да може да проаѓаат возилата и механизацијата за одржување на јавната чистота и за зимско одржување на истите.

– Со иста цел, исто така се известуваат и граѓаните сопственици и корисници на регистрирани возила да не ги паркираат возилата на коловозните и тротоарските површини од улиците како и на локалните патишта. Оние лица кои имаат паркирано возила на наведените површини се замолуваат во најкраток можен рок да ги отстранат возилата, наведуваат од локалната самоуправа.

Оттаму соопштија дека во тек е спроведување на комунално-редарски инспекциски надзор и контрола на моменталната состојба на улиците и локалните патишта од страна на општински инспекциски служби и изрекување на усни опомени кон лицата кои имаат сторено такви недозволени дејства. Несовесните граѓани кои нема да постапат според горе наведеното после истекот на наведениот рок ќе се соочат со предевидените соодветни санкции согласно законите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e