Општина Крива Паланка го одбележа Денот на градот, доделени највисоките општински признанија и награди

Со положување цвеќе на спомен-бситата пред општината и свечена академија, вчера во Крива Паланка свечено беше одбележан 8 Октомври – Денот на ослободување на градот.

Одбележувањето почна напладне со положување цвеќе на спомен бистата на паднатите борци од Народноослободителната борба пред општинската зграда, каде бројни делегации од градто, од збратимени општини, политички апртии и институции положија цвеќе и се поклонија пред хероите, по што на свечена академија во НУ Центар за култура во Крива Паланка беа доделени највисоките општински признанија и наградата „8 Октомври“.

На академијата пред присутните се обрати градоначалникот Сашко Митовски, кој истакна дека Крива Паланка денеска е град што сведочи за развој и просперитет, модерна, зелена и урбана општина.

– Во духот на сеќавањето и благодарноста, упатуваме признание кон хероите кои своите животи ги вградија во темелите на нашата слобода. Нашиот град денес, по 81 година од ослободувањето, е град што сведочи за развој и просперитет, а кога се раководи со срце и длабока поврзаност, секој чекор е победа. Од срце им благодарам на сите вработени во општинската администрација, на советниците, на раководителите на институции и на сите граѓани,за довербата во водење на општината и безусловната поддршка, рече Митовски, нагласувајќи ги бројните реализирани проекти во областа на инфраструктура, образование, детска и социјална заштита, спорт и култура.

Највисоката општинска награда, наградата „8-ми Октомври“ му беше доделена на Предраг Велиновски, градежен инженер со 45 –годишно искуство во областа на градежништвото и инженерството, изградба и обнова на бројни инфраструктурни објекти, како и сакрални објекти во општината и регионот.Осмоооктомвриската награда се доделува за неговиот професионален труд и ангажман во областа на градежништвото, образованието, културата и зачувување на верското наследство кои придонесоа за развој и афирмација на Крива Паланка.

– Оваа награда значи препознавање на мојот несебичен придонес за изградба, обнова и реновирање на бројни објекти во областа на образованието, предучилишни установи, во културата, културното и сакрално наследство на крива паланка и околината. Во целиот мој ангажман и професионално работење посебно сум горд што ја продолжувам фамилијарната традиција како трета генерација, по мојот дедо и мојот татко, дел сум од управата на црковното настојателство на манастирот св.„Јоаким Осоговски“ уште од 1997 година. Повеќе од две децении, континуирано, во манастирот работам на ревитализација на бројни објекти од нашето сакрално архитектонско наследство, како и изградба на нови објекти. Во моментот, по повеќе од еден век од опожарувањето, во тек е изградба на нов – шесткатен конак на локацијата на опожарениот конак „Бини“ од 1911 година, реќе Велиновски, кој наградата ја псовети на своето семејство, повикувајќи ги по младите колеги од областа на градежништвото и архитектурата, да работат посветено и да се грижат за заштита на нашето сакрално , верско и културно наследство, како дел од нашата традиција и нашиот идентитет.

На свеченоста беше доделено и признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка, кое и припадна на ТППЕ Крива Паланка – за својата исклучителна професионалност, пожртвуваност, храброст, континуирана модернизација, регионална и меѓународна соработка, како и образовна и хуманитарна улога.

Признанија за промоција и развој на Општина Крива Паланка во чест на 8-ми Октомври добија: Деjвид Зекиров, самостоен уметник–музичар, за неговата посветеност и придонес во збогатување на културниот живот во Крива Паланка, Лариса Жулина Митовски, просветен работник, за значајни постигнувања во музичката педагогија и долгогодишен придонес во музичкото образование, Јане Денковски, волонтер во Црвен крст, за исклучителен придонес во хуманитарната работа и социјалната заштита, Стојанче Костовски, планинар, за истрајност и изворедни достигнувања во планинарството, Наталија Лековска, просветен работниик во Истра Република Хрватска, за промоција на македонската култура и традиција и зачувување на националниот идентитет меѓу младите генерации, Катица Борисовска, планинарка, за истрајност во планинарството и негување на традиционалната храна и култура, Здружение на пензионери на Крива Паланка, за зачувување на фолклорот, традицијата и локалните обичаи, а постхумно, во знак на почит кон неговото животно дело и трајниот придонес во градежништвото и афирмација на градот, признание беше доделено и на Стојо Милковски, градежен инжинер.

За поддршка на локалната заедница и соработка, општината додели и благодарнции на физички лица и институции, на приватни компании и здруженија, како и на Огнен Атанасов, градоначалник на Општина Ќустендил, Република Бугарија, за помошта во справување со пожарите и зајакнување на меѓуопштинската соработка.

Празнувањето ќе биде заокружено со манифестацијата „Шопска софра”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e