– Општина Крива Паланка ги повика сите млади лица на возраст од петнаесет до дваесет и девет години да аплицираат по мерките што за првпат годинава согласно годишните програми се воведени како стимулативни во насока на поддршка на оваа категорија лица.
– Во фокусот на нашата работа посебно се младите. За нив достапни од почетокот на годината за првпат воведените директни субвенции и еднократна парична помош од буџетот на Општина Крива Паланка за:
набавка на дигитален уред за студенти-бруцоши во академска 2022/23 година, набавка на дигитален уред за млади-невработени лица до 29 години, набавка на велосипед за млади лица од15-29 години, еднократна парична помош за сите матуранти од СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, за оваа учебна, 2022/23 година, еднократна парична помош за набавка на количка за новороденче и бесплатни термини за користење на спортски објекти за млади. Секој петок и сабота младите од 15-29 години, можат бесплатно да користат термини во спортската сала „Бранители 2001“ и тенискиот терен, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.
Оттаму посочуваат дека овластената службеничка за млади во општината, Даниела Милошевска, е достапна за сите информации и детали.
Информациите се достапни на следниот линк.
За побрзи услуги, можност за аплицирање за субвенции од Општина Крива Паланка електронски, преку мЗедница.