Општина Кисела Вода излезе со реакција на информациите дека жителите на ул. Лазар Димитров во скопскта населба се жалат на бавниот процес на санација на улицата.
„Секогаш кога изведуваме градежни активности, внимаваме истите да бидат квалитетно изведени со цел, нашите жители да добијат целосно сработени и трајни проекти, за што понекогаш треба малку поголем временски интервал. Конкретно, за улицата “Лазар Димитров”, паралелно со нашите активности, се работеше и на регулирање на подземната инфраструктура од страна на ЈП “Водовод и канализација”. Ова нешто се прави пред асфалтирање на улицата за потоа да нема раскопување на реновираната улица. Ве информираме дека нивните активности завршија минатата недела. Паралелно, активностите на локалната самоуправа не сопреа и во истиот период Општина Кисела Вода работеше на други улици каде имаше потреба од вакви или слични градежни зафати“, се вели во реакцијата на Општината.
Најостро ги демантираме изнесените тврдења дека буџетот наменет за асфалтирање е потрошен, за што е доказ тоа што работите на гореспоменатата “Лазар Димитров”, продолжуваат од оваа недела, додаваат од Општина Кисела Вода.