Влатко Ристовски е избран за носител на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ за Крива Паланка. Кандидат за градоначалник на Крива Паланка, од ВМРО ДПМНЕ е Оливер Алексовски
– Со особена чест и благодарност ја прифаќам довербата од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка да ја предводам победничката советничка листа на претстојните локални избори. Ова признание го доживувам како израз на доверба во мојата досегашна работа и како значајна обврска кон граѓаните на Крива Паланка. Се обврзувам да ја носам оваа одговорност со максимална посветеност, професионализам и транспарентност, порача Ристовски на својот фејсбук профил.