Во организација на активот на професори по македонски јазик и литература, под чиешто менторство се подготвуваат говорниците и говорите, осуммина средношколци и средношколки од СОУ „Ѓорче Петров” Крива Паланка говореа на темите кои ги засегаат младите претставувајќи се пред бројната публика во холот на гимназијата на годинашната „Ораторска вечер”.
Во организацијата се директно вклучени професорките Елена Јакимовска, Зорица Давитковска и Даниела Стојмировска
Ораторската вечер се одржува шеста година и има своја успешна реализација низ сите години наназад, а исклучок не беше и годинава.
Ораторството се повеќе е популарно меѓу учениците за што говори и нивниот голем интерес за учество, поради што се одржа прв прелиминарен селективен круг, по што беа одбрани само осум учесници кои имаа можност да настапат пред присутната публика.
Беа подготвија говори на слободна тема, насловени „Сакам да говорам за…”, а добивме разноликост во изразот и пристапот, со говори за парите, љубовта, среќата, како и за разните видови насилство, што ја отсликува храброста и ревноста на младите.
Имавме учесници од сите четири наставни години, а во ревијалниот дел гостуваа двајца говорници од СОУ „Наце Буѓони”, Куманово,
Победник на ораторската вечер е Александар Тасевски, второнаградена е Лина Рангелова и третото место и припадна на Јована Колевска, двете од прва година. Традиционално, од минатата година, на трите најдобри оратори им беа доделени парични награди од градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Првонаградениот говорник ќе го претставува средното општинско училиште „Ѓорче Петров” на МАССУМ.