Нов земјотрес е регистриран во Македонија по скопскиот, кој доцна синоќа ги разбуди скопјани.
Потресот е со магнитуда од 2 степени според Рихтеровата скала, а според ЕСМЦ, епицентарот бил на 19 километри оддалеченост од Гостивар.
Длабочината на потресот е 15 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.15 часот.