Како Влада посветено работиме во поддршка на руралниот развој вложувајќи во секое село на државата и како никогаш досега, инвестираме во развојот на македонскиот исток, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
„По 40 години, жителите на село Луке добиваат комплетно нов пат поврзувајќи го ова село со Крива Паланка во должина од 15 километри. Комплетно реконструиран е и патот кон село Огут во должина од 30 километри, а завршен е и патот од Ранковце до Герман“, истакна Николовски.
Николовски посочи дека вкупната инвестиција на овие капитални проекти е околу 3 милиони евра, реализирани преку програмата на ЈПДП и Македонија пат.
„За нас зборот е збор и токму затоа горд сум на секој еден проект кој се работи овде во мојата Крива Паланка, на секој еден проект со кој го развиваме македонскиот исток“, нагласи Николовски.