Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска заедно со градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски извршија увид во изградбата на локален пат кон маалите Џиковци и Тукарци во селото Кркља, во Крива Паланка.

Интензивно се работи на расчистување и припрема на патот чија изградба се финансира преку Бирото за рамномерен регионален развој во висина од 9 милиони денари.

– Инвестираме во патната инфраструктура, поврзувањето на селата во кривопаланечко е приоритет на кој посветено работиме. Обезбедуваме услови за жителите од овој крај преку инвестиции во инфраструктурата, работиме на заживување на селата и руралните средини, и развој на земјоделството како клучна гранка на економскиот напредок, порача министерот Николовски.

