Николовски: Потврден економско-инвестицискиот пакет за Кривопаланечкиот регион

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, на денешната свеченост по повод 8 Октомври, празникот на неговиот роден град, Крива Паланка, на новинарско прашање што значи потврдата од страна на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија во повеќе области за државата и регионот, го најави новиот економско- инвестициски пакет од девет милијарди евра наменет за регионот.

Nikolovski

– Задоволство ми е што од овде,од мојот роден град на денот кога се прославува 76-годишнината од неговото ослободување можам да го искажам моето задоволство од вчерашната потврда на напредокот на Република Северна Македонија во многу сфери на општеството. Лично од Еврокомесарот Оливер Вархеји беа потврдени напорите за реформи на земјата во различни области и уште по важно, она што нѐ поврзува и со Крива Паланка, е огромниот пакет од девет милијарди евра наменет за регионот,за цел Западен Балкан, предвидени во разни области кои се приоритетни за нашата земја, изјави Николовски.

Рече дека особено радува фактот што ЕК преку овој усвоен економско-инвестициски план ги опфаќа сите приоритети на Владата и земјата, кои во облик на грантови и поволни кредити со дефинирани пакети во претстојниот период ќе бидат поддржани.

Nikolovski2

– Следниот инвестициски период од четири години на Европската комисија се поклопува со четиригодишниот мандат на Владата на РС Македонија и затоа во годините што следат и во овој регион ќе сведочиме за нови проекти што ќе се реализираат. Радува фактот што особено коридор 8 е целосно внесен во програмата на ЕК и ќе биде дел од пакетите, што подразбира дека преку ИПА- програмата и преку грантови ќе биде поддржано поврзувањето на регионот со Коридор 8. Она што треба да се подвлече е, запоставеното прашање за железничката траса коридор 8 денес може да се потврди дека е дел од пакетот економски инвестиции на Европската комисијa, додаде Николовски.

Nikolovski1

Тој порача дека сето ова е потврда дека патната, автопатска и железничка инфраструктура и поврзување преку Крива Паланка на Република Северна Македонија и Република Бугарија во претстојниот период ќе бидат реалност и се од особено значење за развојот на регионот, економски напредок и за интеграциите што како земја и регион ги заслужуваме и кон кои се стремиме.

Nikolovski3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e