“Со длабока тага ја примив веста за смртта на Борјанчо Мицевски, поранешниот градоначалник на Крива Паланка, наш соборец и сопартиец.
Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден од вредностите на солидарноста, правдата и напредокот. Неговата визија за подобар живот во Крива Паланка остави траен белег врз заедницата и сите кои го познаваа.
Неговата човечност, енергија и посветена работа ќе ги паметиме со огромна почит и благодарност. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и соработниците.
Нека почива во мир.” – напиша на Фејсбук, претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Од Мицевски се прости и неговиот долгогодишен соработник, пратеникот Љупчо Николовски.

“Неверување, шок и огромна болка денес од прераното заминување на мојот и наш другар Борјанчо. Нема зборови да се опише тагата и загубата за сите а најмногу за неговото семејство.
Лично, со Борјанчо сме другари многу одамна, уште кога не сме биле носители на одговорности, заедно и во добро и во лошо, сме се тешеле кога било тешко и сме наздравувале за сите наши лични поводи заедно, се боревме и верувавме во исти вредности и имавме иста социјалдемократска визија.
Со Борјанчо како градоначалник ја креиравме и започнавме да ја реализираме со огромен број на проекти и поддршка нашата нова заедничка визија за развој на модерна и европска Крива Паланка како никогаш наназад во историјата.
Деноноќно се слушавме, муабетивме, имавме стотици средби и секој разговор и средба беше само и само како да се избориме за што повеќе проекти од државата, како да помогнеме на што повеќе граѓани и како да направиме што повеќе добри дела затоа што граѓаните и регионот тоа го заслужуваа.
Изгубивме човек кој беше исклучително вреден, почитуван, чесен, посветен и одговорен. Остави силен белег во секоја една негова должност, во партијата, општеството и во граѓанскиот сектор.
Затоа и загубата е огромна.
Последната година често трчавме заедно, најмногу на неговата патека во Крива Паланка.
За жал, Борјанчо денес не успеа да ја добие најважната трка и да продолжи со неговите дела.
Слаѓана, Горјана, Матеј и сите блиски треба да знаете дека неговите дела ќе ги паметиме секогаш.
Почивај во мир и нека ти е светол патот другар мој! ” – напиша Николовски.

“Страшно и кобно утро …
Собирам сили, да напишам нешто, а тоа да не биде малку,да не биде нешто обично, нешто што наликува на клише, а да ги најдам правите и вистинските зборови …
Не, не можам ниту да поверувам, ниту да прифатам, дека повеќе не си тука, вујко мој 

Не можам ниту да замислам како така судбината се поигра со животот… Ни те зема пребрзо, а имавме толку многу планови….
Боли душата, срцето е скршено, а зборовите претешки, за да кажам барем малку од она што во мене гори, како оган….
И сега, сега не знам од каде да почнам…
Беше вреден и посветен сопруг и родител, добар и праведен човек – вујко мој. Покрај тебе растев и од тебе научив многу и за животот и за работата.Почнавме заедно во невладиниот сектор, кога буквално ти таму ми ја всади основата, а продолживме заедно во политичките води …и успеавме….успеавме …
И во секој ден со секој твој кажам збор и совет ми беше пример, а понатаму, кога другарски и социјалдемократски, заедно се боревме, заедно тогаш бевме најсилни, минувајќи полесно низ сите предизвици.
Ми беше чест и задоволство што бев шеф на изборниот штаб за време на локалните избори кога стана градоначалник на Општина Крива Паланка и тоа беше само еден дел од нашето заедништво,нешто кое беше посилно од нас, a токму покажано на дело.
Ниту премрежјата што ни наидоа на патот, ниту обидите да ни направат конструкции, не можеа да успеат, зашто не потклекнавме- во ниту еден момент, и не подлегнавме на истите, ни ти, ни јас.
Разумот секогаш преовладуваше, затоа што ти така и ме учеше …
Ја наследив по тебе градоначалничката улога, и ми беше чест, а тебе те радуваше секој успех за кој заедно прославуваме…
Ни останаа уште многу недовршени разговори…
Се остана без боја, застана времето…
Денес загубив не само вујко, загубив другар, загубив дел од себе.
Секогаш ќе се прашуваме зошто така ненадејно и без поздрав замина засекогаш, оставајќи нѐ без зборови и со скршени срца.
Неутешните вујна Слаѓана,Матеј и Горјана ќе ги чуваме наместо тебе, и секогаш ќе се сеќаваме на сѐ што направи за мене, за нас и за нашата Крива Паланка.
Твоето мото “Со срце за Крива Паланка” ќе биде засекогаш запаметено и верувам од горе, меѓу ангелите ќе ни даваш сила да продолжиме со мисијата што ти ја започна.

Почивај во мир вујче
” – напиша градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.