„Не се сеќавам дали ја убив мајка ми“: Заврши судењето за убиството во Штип, Зарков чека пресуда

Во Основниот суд во Штип денеска заврши судскиот процес против Стојанче Зарков, познат штипски угостител, обвинет дека во август минатата година ја убил својата 84-годишна мајка Марија.

Во своите завршни зборови и исказ пред судот, Зарков изјави дека не се сеќава дали тој го извршил убиството. Тој го опиша критичниот ден (8 август 2025), велејќи дека ги извршувал вообичаените обврски, ѝ купил лекови и храна на мајка си, а по излегувањето се вратил дома со такси. Тврди дека ја нашол мајка си со крв на вратот откако слушнал викање од другата соба.

Сепак, ова тврдење се коси со снимката од повикот за итни случаи, каде Зарков се јавил и рекол: „Ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“. За оваа снимка, тој денеска рече дека дознал дури откако му била пуштена во судот и дека нема сеќавање за тој повик. Зарков призна дека имал проблеми со алкохолот и изрази жалење што не се лекувал навреме.

Судијата Сашко Георгиев закажа објавување на пресудата за 9 февруари во 12:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e