“Во чест и во име на поранешниот Претседател на ОО СДСМ Крива Паланка, кој ненадејно и прерано не напушти сите нас, ЛК СДММ Крива Паланка организира Традиционален Streetball турнир кој токму како гест на почит и огромен респект кон Александар, кој воедно и беше голем љубител на кошарката го носи неговото име”Александар Наковски –ФЕЛИКС.” – соопштуваат од Локалниот клуб на СДММ од Крива Паланка.
“Право на учество имаат сите заинтересирани, а предвидени се и други културно-забавни манифестации пред и за време на турнирот како и богати награди за најуспешните.
Учеството по екипа изнесува 600 денари.
Се замолуват екипите најдоцна до 16.30 часот да бидат на спортското игралиште во рамките на ОУ “ Партизан ” со цел навремено да бидат евидентирани и распоредени.” – стои во најавата.