“На 21.08.2017 година околу 06,35 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, на излез од с.Лакавица, се случила сообраќајна незгода во која С.П. (41) од с.Талашманце-кратовско, управувајќи патничко возило „Волксваген Шаран“ со струмички регистерски ознаки излетал од патот и се превртел. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починале сопатниците Л.И. (55) и С.И. (50), двајцата од с.Радибуш-Крива Паланка. Додека сопатникот М.Д. (55) од с.Отошница-Општина Ранковце, се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот Центар-Скопје. Возачот на возилото, се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во Клиничка Болница-Штип. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се предадени на обдукција.” – стои во дневниот билтен на МВР.