МВР со детали: Уапсени четири лица за силувањето на дете во неготинско

Лишени од слобода четири лица од неготинско поради кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, одреден им е притвор, соопштија од МВР.
На 28.01.2026 полициски службеници од ОВР Неготино, по наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, лишија од слобода 40-годишник, 26-годишник, 22-годишник и 20-годишник од неготинско село, во врска со кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ казниво по член 188 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека извршиле обљуба врз 13-годишна малолетничка. Лицата се задржани во полициска станица, а потоа и спроведени во Основен суд Кавадарци, каде од судија на претходна постапка, им се определени мерки притвор во траење од по 30 дена, по што се спроведени во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e