Во чест на 8 Март – празникот на жената, во просториите на Црвениот крст-Крива Паланка учениците и професорите од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка изведоа едночасовен музички концерт, а присутните дами добија по еден цвет од организаторите.
На концертот ученици се претставија со инструментални музички точки, а свој настап имаше и училишниот оркестар.
На концертот учениците музицираа на пијано и хармоника од класите на професорите Лариса Жулина-Митовски и Деајн Ангеловски. Музичките преформанси беа вистинско доживување и достојно одбележување на Интернационалниот ден на жената.