Мотоциклист загина кај Табановце

Завчера околу 02.10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, В.С.(34) од с.Лопате, кумановско управувајќи моторцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди В.С. починал на самото место на настанот, а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција. Увид е извршен страна на увидна екипа од СВР Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e