Денес беше претставен мониторинг извештај за 2019 година кој се однесува на вклученост на граѓаните и транспарентноста на општина Крива Паланка.
Споменатиот мониторинг е спроведен од НВО Инфоцентар, во соработка со Регионалниот центар соработка “ Спектар”, Центарот за младински иницијативи “Цик-Цак” и Норгес Вел од Крива Паланка, во периодот мај-септемри 2019 година.
Спроведениот мониторинг е во рамки на проектот Активни граѓани и партиципативна демократијана локално ново, а истиот е финансиран од Меѓународниот центар Улоф Палме подржан од Шведската влада. Според денешните презентирани клучни наоди и препораки од Мониторинг извештајот за 2019 година, Вклучување на граѓаните и транспарентноста на општина Крива Палнка, јасно беше претставено дека општинaта има високо ниво на транспарентност и отчетност,исто така општинската интернет страница обезбедува лесен и сеопфатен пристап до информации и документи,но исто така пкажува добра практика на консултирање и вклучување на граѓаните ,која треба да се одржува и да интензивира со нови и различни содржини.
Според овој мониторинг извештај јавните расправи, форумите и дискусиите како и средбите на општината и градоначалникот со граѓаните треба да се организираат почесто и тоа во самите месни заедници, но и покрај нерешениот правен статус на месните заедници, добро е што општината се обидува да ги организира и заживее руралните средини.
Треба да се лобира за закнски измени со кои ќе се унапреди статусот на месните заедници, бидејќи тие се основната алка за воспоставување директна комуникација и вклучување на граѓаните.Натамошната интензивирање и продлабочување на соработката со граѓанските организации ќе биде поттик за граѓаните да бидат про-активни и директно да учествуваат во развојот на локалната заедница.
Останатите препораки според мониторингот се општината да ги унапреди механизмите за мерење на задоволството на граѓаните, како и тоа дека е потребно да се доразвиеанкетата на интернет страницата која во моментот е единствената алатка за сондирање на ставовите на граѓаните.
-Според податоците можам да истакнам дека општина Крива Паланка не само што има висока отчетност,таа има најдобра интернет страница и би требало да биде урнек кој ќе го следат и останатите општини. Имено, да потенцирам дека мониторингот опфаќа уште 5 општини а тоа се општините: Кавадарци, Неготино, Маврово, Ростуше и Теарце.Општината остварува добра соработка со граѓаните и преку разни форуми, дебати, проекти и сл .
Најважното што би го истакнала е што одговара на проблемите на граѓаните во рок од 48 часа зависно за каква проблематика станува збор и ова е уште еден пример за останатите општини,кои не го следат-истакна Билљана Велкова –промотор на мониторинг извештајот за 2019.-Ќе се трудиме да ја задржиме нашата транспарентност и отчетност пред граѓаните и во наредниотпериод преку разите форуми и дебати каде може да се земе активно учество во фаза на планирање.
Имаме директен пренос на Седница на Советот на општина Крива Паланка и линк преку кој можат директно да се вклучат и граѓаните.Исто така остваруваме соработка со невладиниот сектор, младинското здружение,издаваме месечен билтен за информираност,имамеотворен ден(четврток) за прием на граѓаните и вторник каде прием врши Претседателот на Советот на општината како и низа други активности кои можеби не се гледаат во прв ред, но се посветува голем дел од времето за вклушување на граѓаните во проблемите и нивна информираност за сето она што е поврзано со општината-изјави Борјанчо Мицевски, градоначалник на општина Крива Паланка.
Останува уште неразјаснето која е причината за потешкото активирање на граѓаните и нивно директно инволвирање во сите настани поврзани со информации од јавен карактер. Дали можеби слаба информираност,недостиг на време,социо-економска состојба,затворен простор кој потешко привлекува внимание и сл,останува да видиме