Млада Србинка со нож нападнала охриѓанец во локал

25-годишна Србинка со иницијали Т.С. вчера со нож го нападнала Г.М. (49) од Охрид, при физичка пресметка што се случила во угостителски објект во строгиот центар на градот.

Како што информираа од полицијата, инцидентот се случил во објект лоциран на плоштадот „Св. Климент Охридски“, а и двајцата учесници во тепачката се приведени од страна на полицијата.

Нападот бил извршен со остар предмет – нож, при што полицијата интервенирала веднаш по пријавата за нарушен јавен ред и мир. Т.С. и Г.М. се приведени, а против нив ќе биде поведена соодветна постапка.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e