Млада битолчанка тешко повредена во сообраќајка

На 21.11.2025 во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 23 годишна битолчанка и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од 30 годишник од Република Грција.

Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната битолчанка, констатирани во Клиничка болница Битола.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e