Четири лица се повредени од кои тројца малолетници, откако 20-годишен прилепчанец со „пежо“ се забил во оградата на прилепската касарна.
„Вчера во 23.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(20) од Прилеп, удрило во оградата од касарната „Мирче Ацев“. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Прилеп, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца други малолетни сопатници од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп, сите од Прилеп“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.