Денеска (04.11.2023) во Кино салата при НУ Центарот за култура во Крива Паланка првиот човек на општина Крива Паланка Сашко Митовски ќе даде отчет за сработеното во изминатите две години.
– Ни претставува огромна чест да Ве поканиме на настанот на кој ќе направиме ретроспектива на сработеното низ бројки и проекти во изминативе две години. Во исто време и да го најавиме она што ќе следува во наредниот период, велат од општина Крива Паланка.