Митовски: Општина Крива Паланка нема долгови, туку нарачки на проекти од интерес на граѓаните

Општина Крива Паланка нема долгови, туку нарачки за реализација на проекти или ануитети за исплата на веќе реализирани проекти, од сопствени средства и без задолжување, е одговорот на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски на прес-конференијата на советниците од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната седница на Совет на Општина Крива Паланка, на која беше усвоен кварталниот извештај за реализација на општинскиот буџет.
Митовски рече дека мачно е да се гледа трагедијата на ВМРО-ДПМНЕ додека се обидуваат да фрлат дамка на неговото работење.
– Задолжувањето го оставаме на ВМРО-ДПМНЕ кои за 11 месеци ја задолжија цела Македонија до неверојатни 7 милијарди евра. Проектите што се реализирани во изминатите 3.5 години во рамки на мојот мандат зборуваат сами за тоа колку многу е сработено, во сите области: за локална патна мрежа вложени се над 5 милиони евра, за водоводи и канализации над 2.5 милиони евра, инвестиции во образовна инфраструктура, спорт, социјална и детска заштита, субвенции и поддршка на млади, капитални проекти, што јасно се гледа и граѓаните и целата јавност можат да ги видат. Сите проекти се реализирани во овој мандат, од сопствени пари, без задолжувања. Апелирам, од ВМРО-ДПМНЕ пред да коментираат, добро да се подготват и да научат како се читаат податоци од буџет, додаде Митовски.
По 53-та седница на Советот на Општина Крива Паланка советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференија обвини дека според најновиот квартален извештај, долговите на општината растат, а општината има долг од 47 милиони денари ненамирени обврски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e