Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски денес уживаше со другарите од СДММ.
„Полнење на батериите со младите, најдоброто друштво за позитивна енергија.
Денес уживав со другарите од СДММ, кои се погонот, движечката сила на напредокот.
Нивниот глас се слуша, секоја идеја што потекнува од младите – вреди.
Нивната поддршка е моќта на големата победа што претстои!“, посочи Митовски.
Митовски нагласи дека во иднина, младите секогаш ќе ја имаат неговата подадена рака.
„Јас нема да бидам нивниот градоначалник, туку нивниот верен другар!, потенцираше Митовски.