Драги пријатели, почитувани сограѓани на Крива Паланка!
Сакам да ве информирам дека и официјално влегов во трката за градоначалник на Крива Паланка.
Ја имате мојата искреност, чесност, човечност и подадена рака на пријателство и соработка. Ве уверувам дека со добиената доверба на 15 Октомри, ќе извојуваме заедничка победа за една поинаква, модерна, современа и европска Крива Паланка која ќе пружа еднакви можности за раст, развој и социо-економски просперитет на секој поединец. Ви ветувам транспарентни, отчетни, одговорни и професионални институции кои посветено ќе работат во интерес на сите граѓани. Одиме на голема победа во првиот круг за живот во Крива Паланка!
Борјанчо Мицевски